Вести Македонија Најважни

Откриен идентитетот на загинатата девојка во несреќата во Грција

Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија која го открива идентитетот на младата девојка која загина во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Игнација во правец кон Солун.

Претходно беше познато дека таа имала 29 години, а според групата сите патници во автомобилот за време на несреќата се млади битолчанки.

Во трагичниот настан повредени се и трите сопатнички во возилото, две родени 2000 година кои се здобиле со тешки повреди, а едната сопатничка родена 1999 година поминала со полесни повреди.

„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки“, објави „Бабам Битола“.

Медиумите во Грција го објавија полицискиот извештај во кој се наведува дека несреќата се случила на 21 јуни  во 12 часот на 277 километар од автопатот Игнација во правец кон Солун, а возилото го управувала 25 годишна странска државјанка која се судрила со автомобилот управуван од 73 годишен грк.

Во несреќата учествувало и трето возило кор по ударот на двете возила налетало врз нив, а било управувано од 52 годишен грчки државјанин.

Загинатата девојка и повредените биле извлекувани со помош на пожарникари кои користеле соодветна опрема и го сечеле автомобилот.

Грчка полиција: Три возила учествувале во сообраќајката во која загина македонска државјанка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе