Вести Македонија

Детали за сообраќајката во Грција од МНР

Македонската државјанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Егнатиа во правец кон Солун имала 29 години. Потврда со детали за несреќата испрати и МНР.

Според нивното официјално соопштение во несреќата има една жртва. Станува збор за 29 годишна девојка родена 1995 година.

Повредени се и три сопатнички од кои две родени 2000 година се потешко, а едната сопатничка родена 1999 година поминала со полесни повреди.

Сите се хоспитализирани и соодветно згрижени.

Од МНР додаваат и дека претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.

„Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома“ се вели во соопштението.

Од снимките кои протекоа на социјалните медиуми може да се види жестината на ударот од кој возилото буквално е смачкано, а при извлекувањето на жртвата и повредените интервенирале противпожарни екипи.

На другиот автомобил, кој учествувал во сообраќајната несреќа му го нема речиси цел преден дел.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат.

30-годишна жена од Македонија загина во сообраќајна несреќа во Грција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изложба на слики, цртежи и графики од Вангел Наумовски во Галерија „Остен“

Дејан Дејан

Битиќи: Веќе е поминато времето да зборуваме за колективна одговорност

Дејан Дејан

Битиќи: Во овој момент сѐ уште сум оптимист дека партијата ќе се врати таму каде што заслужува да биде

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе