Вести Македонија Топ вести

Високите температури ја зголемија појавата на влекачи

Високите температури ја зголемија појавата на влекачи, а во отсуство на специјализирана служба за нивно безбедно отстранување, поединци им помагаат на луѓето да се справат со змиите кои некогаш им доаѓаат на гости во дворовите или во домовите.

Владимир Димковски основал дури и фирма, која е единствена во државата за заловување на змии. Тој вели дека на вакво време е сосема нормално тие да се пораздвижени. Додадав дека нема простор за паника, иако е разбирливо што појавата на змии предизвикува вознемиреност кај луѓето, сепак нивниот број не е зголемен и е речиси идентичен како и претходните години.

-Треба да се внимава кога сме во природа, да не ги нагазиме или да не се движиме во нивна близина. Ако се соочиме со нив да застанеме и тие ќе си заминат без никаков проблем. Доаѓаат во нашите животни простори поради храна. Превенцијата е околината околу нас и во дворовите да бидат чисти, тревата да биде искосена, да не се прават купови од гранки или камења, вели Владимир Димковски, заловувач на змии. Но и доколку некому се случи да биде каснат од отровна змија, Димковски вели има доволно време секој да стигне до првата здравствена установа.

-Населените места во Македонија се под надморска височина каде се појавуваат отровници. Поскокот и шарката се јавуваат над 800, 900 и 1000 м.нв и нагоре. Може да залута некоја отровна змија и треба да внимаваме. Но имаме 2-3 часа да стигнеме до првата најблиска медицинска установа и да примиме противотров, вели Димоковски

Од Центарот за управување со кризи велат дека на неколку дена имаат пријава за видена змија и во населени места, но исто така, постојано апелираат граѓаните да внимаваат каде и како се движат во природа и да носат соодветна облека

„Ако граѓаните бидат гризнати од влекачите и после првата самопомош корисно е да се јават на 112 во ЦУК при што ќе бидат поврзани со Итната медицинска помош. Исто така, доколку змијата е отровна, многу е важно за што поскоро време да добијат медицински третман“, предупредуваат од ЦУК

Од Инфективната клиника велат дека во моментот кај нив има само еден пациент за кој има сомнеж дека е каснат од змија. Тој е на опсервација, но во првите три часа не се заблежани симптоми. Велат дека се следат сите пациенти кои се упатени кај нив и имаат доволни количини на противотров.

ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе