Вести Свет

Речиси цела Црна Гора е без струја, но и делови од Хрватска и БиХ

Денеска Далмација остана без струја, неколку минути дури и дел од Славонија, заедно со делови од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија. Прекинот на струја доведе до колапс на сообраќајот во градовите, а многу продавници престанаа да работат.

Иако веќе состојбата е стабилизирана, и градовите постепено добиваа енеригија, одредени региони останаа долг период без струја, што е особено проблематично поради екстремно високите температури кои го зафатија регионот.

Се уште не е откриена точната причина за овој колапс, а енергетскиот експерт Ивица Јакиќ, индекс.хр  објасни како може да дојде до вакви прекини на струја во неколку земји. Покрај дефектот на една од трафостаниците, не е исклучена можноста за преоптоварување на системот.Јакиќ тврди дека голем проблем во Далмација е тоа што не сите сопственици на станови и станови, кои ги има се повеќе и имаат клима уреди, побарале доволно приклучок на струја во однос на планираната потрошувачка на струја.

,,Сведоци сме на регионална вонредна состојба во електроенергетскиот систем и едноставно да се обвини Црна Гора дека е виновна за тоа би било крајно погрешно. Проблемот настана како резултат на зголемувањето на дневниот товар, од една страна, и многу високите температури. Кога ќе ги поврзете тие две причини, тогаш имате ситуација да не можете да ја пренесете електричната енергија преку далноводите на вистински начин, односно да се преоптоварат водовите и да настане дефект. Прекинот на една линија значи преоптоварување на друга линија и така натаму, во круг, едноставно доаѓате до ситуација да се случи она што се случи денес” – вели  Саша Мујовиќ, црногорски министер за енергетика и рударство.

Затоа во шпицот на сезоната може да дојде до извонредно зголемување на потрошувачката на електрична енергија, а со тоа и преоптоварување.

Вчера имало проблем со електроенергетската мрежа во Македонија и можело да има сличен колапс и снемување струја како денеска во половина балкански држави, тврдат во БиХ?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство на гостиварско Дебреше – застрелан помлад жител на селото

Дејан Дејан

Собранието ги изгласа 20-те предложени заменици министри

Дејан Дејан

На 2 август во „Прохор Пчински“ – Силјановска и Вучиќ се договориле за заедничка посета на манастирот за Илинден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе