Вести Македонија

Атанасовски во „Вин-Вин“: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е свесна за ние да влеземе во нов геополитички и евроинтегративен ќорсокак

Верувам дека и Христијан Мицкоски и тие кои ја креираат стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, како идна владеачка политичка партија во однос на надворешната политика на Македонија, не се толку наивни да поверуваат дека отворањето на нов фронт со Грција, апсолутно може да ги загрози до краен невиден степен европските интеграции на Македонија, рече Благојче Атанасовски, политички аналитичар, во вечерашното издание на „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Но, доколку е тоа свесна стратегија, мислам дека е свесна стратегија ние да влеземе во еден нов геополитички, евроинтегративен ќорсокак од кој, прашање е дали некокаш децении нанапред, може да излеземе. Во изминатите 33 години, ние никогаш не сме се соочиле со двојно преповторено вето од држави членки на Европската унија. Знаеме колку беше тешко по ставањето на грчкото вето на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година и каква робусна меѓународна интервенција требаше да се случи за да може да се тргне тоа грчко дипломатско вето и Македонија да го продолжи својот пат кон европските и евратлантските интеграции“, вели Атанасовски.

Според него, хипотетички, во ситуација кога сè уште имаме официјално хипотетичко вето од официјална Софија и ако грчкиот премиер посегне по механизмот и формално-правно каже дека Грција повеќе не ја поддржува европската интеграција на Македонија, бидејќи не го почитува Преспанскиот договор и одредбите од него, „ние тогаш ќе имаме дипломатско, државно-политичко усојузување на официјална Софија и официјална Атина кои ќе се попречат на евроинтегративниот пат на Македонија кон полноправно членство во Европската унија“.

„Се поставува прашањето, дали тогаш меѓународната заедница ќе има енергија одново да се вклучи во еден трилинг, во еден триаголник на официјално Скопје, официјална Софија и официјална Атина, условно кажано да ги разрешува проблемите што официјално Скопје ги има со Софија и Атина кои се членки на Европската унија. Прашање е дали ние ќе влеземе во таков процес или одново ќе влеземе во процес на, условно кажано, радикализирање на нашите меѓусоседски односи кои ќе дојдат до точка на вриење, односно замрзнување на целосните државни односи. И што тоа ќе рефлектира во внатрешните државни односи во Македонија, особено на меѓуетнички план“, рече Атанасовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе