Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) реши да ја одземе акредитацијата на косовскиот новинар Арлинд Садику кој ги провоцирал српските навивачи на Европското првенство во Германија.
Фудбалскикот сојуз на Србија (ФСС) пред три дена се обрати со барање до прес службата на УЕФА за казна и одземање на акредитацијата на косовскиот новинар.
Садику, во вклучување во живо во пресрет на мечот од првото коло во групата Ц меѓу Србија и Англија, пред српските навивачи ги состави дланките на рацете и направи „двоглав орел“, симбол на т.н. Голема Албанија.
И албанските медиуми пренесуваат дека УЕФА одлучила да ја одземе акредитацијата на Садику и да го исклучи од ЕП во Германија.