Вести Економија Топ вести

Наместо со пари, состојбата во ЕСМ ќе се подобрува со препораки, минусот во компанијата е 40 милиони евра

Наместо буџетска поддршка, менаџментот на ЕСМ добил препораки од Владата како да работат. Ова за Телма го потврдија владини извори. Компанијата веќе подолго време не добива пари од буџетот, а за годинава, исто така, не се предвидени. Дека на ЕСМ не и се префрлаат буџетски средства потврдија и од таму. Во нивниот одговор кој го доставија до нас пишува дека последните одобрени средства за нив биле во април лани, со завршување на енергетската криза.

Оттогаш, па се до денес, АД ЕСМ нема добиено средства од буџетот на РСМ за справување со ефектите од енергетската криза со електричната енергија и за покривање на разликата помеѓу производната и продажната цена на струјата, се вели во дописот од ЕСМ

За време на кризата државните електрани добиваа милиони евра средства од буџетот кој го полнат граѓаните и фирмите, за да можат да испорачуваат струја по пониска цена. За Владата тоа беа субвенции.

Кризата заврши, ЕСМ поддршка не добива повеќе, но финансиските проблеми во компанијата не завршија.

Според, извештајот на министерството за финансии за првите три месеци од годинава компанијата направила минус од околу 40 милиони евра. Па останува да се види дали владините препораки ќе помогнат компанијата да ја подобри својата ликвидност.

Пред извесно време во документ до кој дојде КОД пишува дека ЕСМ доцни со исплата на обврски и повеќе од 90 дена. А за подобро спроведување со кризата со ликвидноста, секторот за финансиски работи, преземал и соодветни мерки.

Владата веќе пресмета дека новата цена на струјата на ЕСМ наменета за домаќинствата и малите потрошувачи треба да се продава за 5 отсто поскапо. Односно цената за мегават час од 57 да се зголеми на 60 евра.

Исто така, се бара и компанијата наместо 100 да покрива 85 отсто од потребите на домашниот пазар, нешто што најмногу го загрижува првиот регулатор. Останува да се види дали оваа цена на струјата од ЕСМ ќе и помогне на компанијата да си ја подобри состојбата, затоа што нивната производна цена е повисока, а од друга страна компанијата повеќе не добива буџетска поддршка за да може да ја испегла разликата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пријави за штети од невреме во Тетовско, невреме и во Гостиварско и Кумановско

Дејан Дејан

Таравари: Добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството во други држави 

Дејан Дејан

Игор Стојковски – нов директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе