Спорт Фудбал

Мбапе има скршен нос, но ќе продолжи да игра на ЕУРО 2024 со заштитна маска

Килијан Мбапе синоќа заработи скршеница на носот во тесната победа од 1-0 на Франција против Австрија на Европското фудбалско првенство.

Французинот во финишот од натпреварот, поточно во 86.минута со глава удри во рамото на австрискиот репрезентативец Кевин Дансо при еден воздушен дуел. Мораше да го напушти натпреварот, а медицинските прегледи покажаа дека се работи за скршеница на носот.

Вообичаено при вакви повреди, спортистите веднаш одат на операција, но Мбапе ќе почека по завршувањето на континенталниот турнир. Тој ќе продолжи да игра за Франција и тоа со заштитна маска, информираат од таборот на „триколорите“.

Следниот натпревар на Франција во рамки на групата Д на Европското првенство е на 21.јуни против Холандија, додека во 3.коло ќе се соочи со Полска на 25.јуни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрапар ќе и суди на Струга ТЛ во Братислава

Desk

ФОТО галерија: Ракометарките поразени од Црна Гора, следува борба за пласман од 13 до 16 место

Дејан Дејан

Еурофарм Пелистер сместен во третиот сад пред жрепката за ЛШ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе