Вести Економија Топ вести

Во прилепскиот регион на големо се прави ископ на минерални суровини без дозвола, експертите бараат да се спречи грабежот на домашното богатство

Ископ на јаглен, РЕК Битола

Прилепскиот регион очигледно е најомиленото место каде се прави ископ на домашното природно богатство  без дозвола. Од извештајот на ДЗР кој беше објавен минатата недела  може да се види дека локалитетот Галабовец  Нови Присад во овој регион и  локалитет Бела Пола во општина Долнени и општина  Прилеп биле мета за вакви малверзации.  Се правела експлоатација на дива површина од околу 10 илјади квадратни метри.

Она што предизвика најмногу реакции од овој извештај на државните ревизори е малата  заработка на државата од   1, 7 милиони евра или само 1 отсто од продажбата на најдобриот и најчистиот домашен мермер.

Познавачите за  ваквиот начин на заработки на концесионерите  велат дека станува збор за еден легален грабеж на нашето национално богатство.

Еве конкретно ќе кажам Бехтел и Енка копаат минерални суровини и мермер за автопати. јас не знам кој пат е направен од мермер во светото нема такво нешто, веројатно и кај нас нема, но ете копаат и тоа е симтоматично. Од друга страна онаму каде што легално се ископува мермерскиот комбинат Прилеп имаат направено над 100 милиони приход и сега 1 процент смешно е да  добие државата, вели за Телма  Ѓорѓи  Танушев од  Здрава Котлина 

Танушев  забележува  дека и Законот за минерални суровини често се менува, а ништо не се постигнува за состојбата во секторот да се подобри.

Никој точно не знае колку се ископува, колку се носи што има во тие концентрати што се извезуваат се. Се се  сведува на принцип на доверба на декларација. Од друга страна сведоци сме дека има корупција во инспекциските служби, додава Танушев

Констатирано е и дека активностите од надлежните институции  не обезбедуваат целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, навремена наплата на концесискиот надоместок и ефикасен надзор при склучување на  договори, а Министерството за економија нема доволно стручен кадар за доделување, но и одземање на правото за експлоатација на минерални суровини.

Заклучно со 2022 година,  доделени се концесии за експлоатација на минерални суровини на над 250 концесионери за вкупна површина од над 330 квадратни километри што е 1, 3 проценти од вкупната територија на земјава и најголем дел е од површините се  во сопственост на државата.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе