Вести Македонија Најважни

Досега он-лајн за гласење на изборите во СДСМ се пријавиле 6.000 члена, се пребројуваат пријавите на хартија

На 23 јуни ќе се знае колку точно од околу 80.000 запишани членови на Социјадемократскиот сојуз на Македонија ќе гласаат на внарепартиските избори за избор на нов претседател на партијата.

Пријавувањето, односно акредитирањето на членството кое сака да гласа на изборите е во тек, но од Централната изборна комисија на СДСМ не сакаат да шпекулираат колку досега партиски членови вкупно се пријавиле за изборите, по он-лајн пат и по пријава на хартија.

Не би сакала да шпекулирам. Ние добиваме од општинските – дали дента имало 50, 100, 200 донесени или пристигнати наши членови со пријави, меѓутоа збирно од сите 80 се уште ја немаме таа бројка за да може да ја соопштиме. Во моментов, он-лајн имаме 6.000 членови, меѓутоа податоците што се собираат во општинските организации се уште не се внесени и таа бројка ќе ја соопштиме на 23 јуни, денот кога ќе имаме затворање на избирачкиот список, изјави Викторија Мадиќ, претседател на Централната изборна комисија на СДСМ.

Статутот на СДСМ не предвидува цензус, односно долна граница на бројка на пријавени ченови за гласање за изборите да бидат легитимни.

Статутот нема цензус колку треба да бидат запишани за да можат да бидат легитимни, значи колку треба да бидат акредитирани. Легитимитетот се гледа од денот на гласањето, ако ние имаме 80.000 членови, а се акредитирале 20, 30 или 40.000, небитно, може и 70.000 ќе бидат, таа бројка…

– Може ли да бидат 10.000 и тоа ќе биде легитимине избор?

Да, затоа што никаде во статутот не се кажува колку треба да се акредитираат. Легитимноста ќе се гледа од денот на гласањето, колку ќе се запишат во избирачкиот список, колку ќе излезат“, вели Викторија Мадиќ, претседател на Централната изборна комисија на СДСМ.

Членовите на СДСМ кои ќе се пријават на внатрепартиските избори ќе бираат меѓу четворица кандидати за претседател на партијата и тоа, партеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, Венко Филипче, пратеник и поранешен министер за здравство, Јован Деспотовски, актуелен директор на ТИРЗ и Александар Бајдевски, актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација.

До денеска, како што вели Мадиќ, никој од нив не ја повлекол својата кандидатура.

Ова се  трети внатрепартиски избори на социјадемократите. На првите во март 2021 за лидер на партијата беше избран Зоран Заев, кој тогаш беше единстве кандидат, а за кого гласаа повеќе од 59.000 членови на СДСМ, а само 865 беа против. Илезноста на изборите тогаш беше 90 проценти.

Девет месеци потоа се одржаа вторите внатрепартиски избори на кои глсаа 44.406 членови на СДСМ или 86,5 отсто од активно регистрираните.

Ковачевски во декември 2021 година стана претседтел на социјалдемократите со нешто помалку од 38.000 гласови.

Ковачевски имаше двајца противкандидати, Јован Деспотовски и Фросина Ременски, кои вкупно освоија нешто малку повеќе од 6.000 гласа.

СДСМ новиот лидер ќе го бира на 30 јуни, кога во 80 општински организации ќе бидат отворени гласачки места, чија бројка, како што информира Мадиќ, ќе зависи од бројот на акредитирани членови кои ќе гласаат на изборите.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе