Спорт Фудбал

Домаќинот Германија против Шкотска го отвора ЕУРО 2024

Вечерва со дуелот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска во рамки на групата А стартува Европското фудбалско првенство. Италија е актуелен бранител на европскиот престол од 2021 година, но овој пат „аѕурите“ не се меѓу главните фаворити за освојување на пехарот.

Турнирот го сочинуваат 24 репрезентации поделени во шест групи од по четири, кои ќе се борат за престижниот европски пехар. Ова 17-то издание на Европското првенство се очекува да биде и најквалитетно и највозбудливо за навивачите. Германија е фудбалска нација, која многу пати низ историјата била домаќин на големи турнири, па и овој пат се очекува организацијата да биде на најголемо ниво.

Според УЕФА, пристигнале дури 50 милиони барања за билети за натпреварите од турнирот, но на располагање за јавноста на продажба беа ставени 2,3 милиони билети.
На ова Европско првество тешко се предвидува кој е најголем фаворит, бидејќи неколку репрезентации отскокнуваат со квалитетот.

Тука секако во прв план се Франција, Англија, Португалја, домаќинот Германија и секако Шпанија. Овој пат актуелниот бранител на европскиот трон Италија не е меѓу главните фаворити, но никогаш не треба да се отпишуваат „аѕурите“. Фаворити од сенка секако се Холандија и Белгија, како и Хрватска.
Од нашето блиско соседство освен Хрватска на Европското првенство учествуваат и Србија, Словенија и Албанија.

Десет германски градови се домаќини на Европското првенство, како Берлин, Минхен, Дортмунд, Штутгарт, Гелзенкирхен, Франкфурт, Хамбург, Лајпциг, Дизелдорф и Келн. Големото финале на 14.јули ќе се одигра на „олимпискиот стадион“ во Берлин исто како финалето од Мундијалот во 2006 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УЕФА отвори истрага за однесувањето на Даку

Дејан Дејан

Македонија бележи пад од две места на ранг листата на ФИФА

Дејан Дејан

ФФМ бара истрага и санкција за Мирлинд Даку

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе