Вести Економија Топ вести

ДЗР извештај: Концесионери се богателе од продажба на најквалитетниот домашен мермер, државата добила само 1 процент од приходот

Ископувале минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација. На грбот на државата се богателе концесионерите. Државниот ревизор излезе со извештај за ефикасноста на постапките за доделување на право за експлоатација на минерални суровини и реализација на склучените договори.

Во извештајот стои дека со тоа што концесионерите вршеле ископ на минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација остава ризик тие да не го пресметуваат и плаќаат надоместокот за експлоатираните количини.

Ревизорот констатирал и дека за период од четири години од 2018 до 2022, државата заработила само 1, 7 милиони евра или 1 процент од продажба на најквалитетниот мермер и ова е незначително во однос на она што го заработил концесионерот.

Исто така, констатирано е и дека со активностите на  надлежните институции не се обезбедува целосна сигурност за оптимално користење на минералните суровини, навремена наплата на концесискиот надомест ефикасен надзор при склучување на  договори, а висината на надоместокот за користење на просторот е на многу ниско ниво.

За подобрување на состојбата дадени се и препораки до институциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе