Словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко потпиша нов договор со Лајпциг и покрај тоа што беше еден од најбараните голгетери на трансфер-пазарот.
Фудбалерот кој има само 21 година реши да продолжи со бундеслигашот за кој изминатата сезона постигна 14 голови на 31 натпревар во Бундеслигата. Шешко пристигна во клубот минатата лето од Салцбург и со своите игри ги импресионираше сите во Лајпциг, но и скаутите на европските гиганти.
Интерес за Словенецот имаше и од Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед и Милан, но тој реши да остане во актуелниот клуб, бидејќи верува дека тука може да напредува уште повеќе во кариерата.