Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја продолжува посетата на Берлин, на Конференцијата за обнова на Украина.чии домаќини се германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сиљановска Давкова вчера се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади.
Таа во своето обраќање рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес, како што нагласи, е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина.
Таа ја поздрави препораката за започнување на преговори за членство во ЕУ на Украина и посака и Македонија наскоро да стане дел од европското семејство.