Спорт Фудбал

Димитриевски две години на голот на Валенсија

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски од денеска и официјално е член на еден од најголемите шпански фудбалски клубови Валенсија. По шест години минати во Рајо Валјекано, нашиот интернационалец реши да побара нов  предизвик во Ла Лига.

Димитриевски потпиша двегодишен договор со славниот клуб од „Месталја“, односно до јуни 2026 година. Македонскиот репрезентативец изминативе две сезони блескаше на голот на Рајо и се промовираше како еден од најдобрите голмани во шпанската елита.

Изминатата сезона бранеше на 37 натпревари, прими 47 голови, а на дури 13 натпревари не прими гол. Пред да брани за Рајо, Димитриевски беше член и на Гимнастик, Гранада и Кадиз во Шпанија, а претходно беше член и на италијански Удинезе, додека во Македонија го чуваше голот на Работнички.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе