Вести Македонија

Додека новата влада подготвува распуштање, работна група формирана од Лога ги заврши предлог измените на Законот за судски совет

По 23 состаноци работната група ги скрoи измените на Законот за судскиот совет во кои се имплеметирани и препораките на оценската мисија на ЕУ. Следно, информираат од правда, е  предлог законот да биде објавен на ЕНЕР за коментари, а потоа и да биде испратен на мислење до Венецијанската комисија.

Се менуваат одредбите за избор, но и дисциплинска одговорност на членовите на Советот. А меѓу клучните новини се и тоа членовите на Судски кои ги бира Собранието да можат да ги предлагаат и интеруниверзитетската конференција од редот на редовни професори, по право со професорски стаж од најмалку 20 години од првите три најдобро рангирани универзитети во државата, но и Адвокатската комора да предлага адвокати со адвокатски стаж од најмалку 20 години.

Да се воведе цензус кога судииите гласаат за избор на член на судски а кандидатот да победи доколку добие повеќе гласови од половината од излезените гласачи.

Зголемување на судискиот стаж од шест на 15 години како услов за членовите на Судскиот совет од редот на судиите.

Зголемување на работното искуство од 15 на 20 години како услов за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието на Република Северна Македонија.

Регулирање на начинот на избор на членови на Советот од Собранието на Република Северна Македонија, следејќи го компаративното искуство за избор на членови во ДКСК.

Целта на законските измени е да се зајакне независноста на судството, како и професионалноста и одговорноста на членовите на Судскиот совет, велат од правда, но каква ќе биде судбината на овие измени ќе зависи од новата влада.

Мандаторот Христијан Мицкоски веќе најави дека останува на предизборното ветување распуштање на Судскиот и Обвинителскиот совет, а министерот за правда во заминување Кренар Лога, кој и самиот првично сакаше да го распушти Судски па се повелече по реакциите, сега испрати писма до амбасадите.

За опасноста од овој правен преседан предупредуваа експерите и тогаш и сега. Мицкоски најави дека за овој чекор му е потребно двотретинско мнозинство за законски измени.

Од друга страна  ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма, покрај распуштањето напиша и дека при законска реформа на Судскиот совет ќе ги земеме предвид сите препораки од Европска Унија.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Надоместокот од 200 денари за пристап до мрежа им пречи на оние со повеќе станови и фотоволтаици

Дејан Дејан

ДЗР: Германска болница го тужи Фондот за здравствено осигурување за 433.000 евра

Дејан Дејан

Провоцирал српски навивачи со двоглав орел – УЕФА исфрли косовски новинар од ЕП во фудбал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе