Антикорупциска на денешната седница во однос на претставката на Марјан Шокаровски за неговото разрешување од функцијата директор на Клиниката за кардиохирургија оцени дека наводите се основани и ќе покрене иницијатива за одговорност од министерот за здравство Илир Демири пред надлежните органи.
Имено, ДКСК смета дека Демири ги прекршил законите со тоа што го разрешил Шокаровски на 27 мај по распишување на изборите и додека се уште не бил избран новиот пратенички состав.
Дополнително ДКС утврдила дека постапката за разрешување на директорот не била во согласност и со законот за Здравствена заштита кој наложува најпрвин управниот одбор на установата да утврди дека постојат основи за разрешување, а потоа и здравствениот совет да даде предлог за тоа.
Но, министерот Демири, според ДКСК, не постапувал по нивен предлог и го разрешил Шокаровски. Нерегистрирани пациенти во системот „Мој термин“ и нарушени меѓучовечки односи се причината поради која Демири го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија.
Шокаровски не ги коментираше причините за неговото разрешување, но посочи тогаш дека тоа е незаконски , бидејќи изборниот процес се уште беше во тек.