Вести Македонија Топ вести

Таравари: ДУИ моли и испраќа емисари да стане дел во власта

Членот на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари смета дека ДУИ продолжува да оди наназад. Таравари меѓу другото  на Фејсбук објави дека ДУИ моли за да бидат во Влада и се претвориле во „питачи за позиции“.

ДУИ продолжува да оди по погрешен пат. Партијата моли да стане дел од Владата. Колку и да ја одбиваат, сепак праќа емисари кои се претворија во питачи за позиции, напишал Таравари во својот статус.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски по добивањето на мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги нарече опасни политичките игри на ДУИ со најава дека ако продолжат така-многу бргу вистината ќе излезе на виделина, без да прецизира за што станува збор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Арсовска до Рокас: Во секоја држава има мафија само во Македонија мафијата си има своја држава

Дејан Дејан

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе