Вести Економија Топ вести

Голем раст на цените во малопродажба, за синдикатите поскапувањето е неосновано

Голем раст на цените во малопродажба во мај од 5, 8 проценти во споредба со истиот месец лани, измери статистика. Инфлацијата пак изнесува 4,5 отсто. Генерално поскапувањето е кај  оние производи чии цени изминатиот период се зголемуваа.

Од храната најмногу пораснале  цените на овошјето, за 22 отсто, потоа следи  шеќерот, џемот, чоколадите, зеленчукот, лебот, житото, млекото, сирењето, јајцата, месото. Според,  статистиката раст има и кај цените на алкохолот, тутунот, но  и кај  облеката, здравствените услуги транспортот.

Борбата со високите цени никако да запира. Од ССМ велат дека во земјава во трговијата цените растат неоправдано без никаква причина и тоа мора некој да го запре. Во периодот кога скокнаа цените на основните суровини, експресно поскапеле продуктите, но веќе извесен период цените на основните елементи паѓаат, а во трговијата сумите  не се поместуваат.

-Цената на маслото во споредба со минатата година и цената на брашното е за 30 до 40 проценти намалена. Тоа се основните материјали за производство на се останато. Но не видовме дека се останато во земјава се намали. Макароните се произведуваат со вода и со брашно. Ако цената на брашното се намалила за 30 проценти како вие на вас изговорот дека 40 проценти треба да ви биде зголемена вредноста на производот, вели за Телма Слободан Трендафилов- претседател на ССМ 

Последните пресметките на ССМ покажаа дека во мај на едно четиричлено семејство за да го истурка месецот му биле потребни 1.000 евра, и тоа без оние трошоци за кирија. Најголем дел од семејниот буџет се троши на храна и пијалаци.

Поради глобалните случувања извесен период во земјава инфлацијата достигна рекордни 20 отсто. Се носеа мерки кои минимално го ублажија шокот.  На крајот се реши да се состави листа на производи на кои маржите би им биле до 10 отсто. Но,  кога и дали оваа листа ќе стапи на сила зависи од политиките на новата Влада.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе