Вести Македонија Најважни

Гаши: Прашањето за мандатот на претседателот на Влада не е уредено во Законот

На прашањата на Телма за неспоивоста на функциите, новиот собраниски спикер Африм Гаши одговори дури синоќа.

Во соопштението го потенцираше она што изминатите денови го нуди како аргумент за техничкиот премиер и за министрите кои треба да ги напуштаат фотелјите во извршната власта, за да седнат во пратеничките столчиња.

Оваа практика не се случува за прв пат, е ставот на спикерот Гаши.

Во соопштението од неговиот кабинет се потенцира дека мандатите на новоизбраните пратеници биле уредно верификувани, а Собранието констатирало  дека согласно член 8 став 1 од Изборниот законик им престануваат функциите во Владата, но заради континуитет во работата ќе ги вршат само најнеопходните функции до изборот на нова влада.

„Во конкретниот случај треба да се има предвид дека во членовите 43, 44 и 46 во Законот за Владата уредено е прашањето за престанок на мандатот само на министерот за внатрешни работи и на министерот за труд и социјална политика и за престанокот на функциите на дополнителните министри, а за претседателот на Владата и за останатите членови на Владата во законот не постои решение ниту постапка за престанок на функцијата“, пишува во соопштението од кабинетот на собранискиот спикер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе