Вести Македонија Топ вести

Шкриељ, Каевски, Костадинова, Зеќири, Велковски, Јанушев, Морачанин меѓу 29-те пратеници кои една година ќе земаат апанажа

Не успеаја повторно да седнат во собраниските фотељи, но плата ќе им тече оттаму уште цела година. На 29 пратеници од минатиот парламентарен состав, кои побарале апанажа, денеска им беше одобрено да останат и понатаму на државна плата.

Меѓу оние кои побарале да го остварат правото на плата по престанок на функцијата, се екс-пратениците од СДСМ, Дарко Каевски, Мартин Костовски, Диме Велковски, Марија Георгиевска, Ненад Коциќ, Жаклина Лазаревска, Даниела Колева, Лолита Ристова, Марија Костадиновска, Марија Кочовска, Соња Михајловска, Емилија Рамбабова, Санела Шкриељ и други.

Од ВМРО ДПМНЕ апанажа побарале Игор Јанушев,Марија Ангелова и Мирче Аџиоски. На овој список се и Маја Морачанин од ДОМ, Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балковски од ВМРО Народна, како и Кастриот Реџепи.

Екс пратеникот Мирослав Јовановиќ, ќе прима апанажа само два месеци до пензионирање, а по истиот основ и Абдула Салиу -шест месеци и Ремзи Мехмеди – девет месеци. Поднесени се и други барања што се разгледуваат, а рокот за пријавување завршува на 28 јуни.

Комисијата денеска ги екипираше и двете комисии, низ кои треба да поминат реформските закони поврзани со промените во министерствата. Со овие работни тела, по деловник претседава партијата со најголем број на пратеници, оттаму, на чело на Законодавно правната комисија ќе биде Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ, а на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов.Со ова, се отвора патот за закажување на седница, на која треба да се расправа за новите закони кои ги предлагаат од ВМРО ДПМНЕ, а со кои треба да се направи реконструкција на владините ресори.

Членовите на комисијата денеска го прифатија и барањето на поранешниот претседател Стево Пендаровски за мирување на правото на пензија.Пендаровски веднаш по изборите соопшти дека нема да ја користи пензијата што по закон му следува како поранешен претседател и најави дека се враќа како професор на Американ колеџ.  За тројца вработени од својот претседателски кабинет, побара од државата просторија и работен ангажман за подготовка на учество на настани во земјава и светот кои ќе ги има како поранешен шеф на држава

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе