Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска неделава ќе пресече за разрешувањата на министерот за здравство Демири

Антикорупциската комисија до крајот на неделава на јавна седница ќе пресече дали разрешувањата на директорите на клиниките за Токсикологија и Кардиохирургија се во согласност со Изборниот законик или пак техничкиот министер за здравство Илир Демири го прекршил законот.

Според изворите на Телма, седницата ќе се одржи во петок. Претставките од  др. Данил Петровски, разрешениот директор на Клиниката за Токсикологија и др. Марјан Шокаровски кој беше разрешен од директорското место во Клиниката за кардиохирургија се примени и распоредени за работа кај членови на комисијата.

Со оглед дека станува збор за претставки поврзани со изборниот процес тие имаат приоритет во работењето и скратен рок, па затоа во петок членовите ќе реферираат и ќе се донесе одлука.

Пред антикорупционерите се две можности, да ја потврдат одлуката на министерот Демири за разрешување или да побараат таа да биде поништена.

Разрешените директори поднесоа претставки до Антикорупциска бидејќи се на ставот де техничкиот министер Демири не смее да ги разреши со оглед на фактот дека Влада не е конституирана и со самото тоа не е завршен изборниот процес како што се наведува во изборниот законик.

Министерството за здравство пак соопшти дека Изборниот законик не е прекршен. За директорот на Токсикологија соопштија дека имало неправилности во работата без да прецизираат какви додека за Шокаровски министерот Демири соопшти дека причината за разрешување се нарушените меѓучовечки односи и зголемената смртност кај пациенти на Клиниката, информација која потоа тимот на Шокаровски ја демантираше објавувајќи ја анализата на податоците со кои располагаат.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе