Вести Македонија Топ вести

„Повторно заедно“ – инклузивен настан на Школка во Парк

Низ креативноста на детската игра најдобро можат да научат и возрасните и децата колку е важно заедништвото и сплотеноста, наспроти сите нешта кои навидум прават да бидеме различни и посебни, вели Коле Мицевски, родител на дете со атипичен развој.

И токму игрите и моќта на уметноста се оние кои ви ги нудат можните решенија за она што можеби ви изгледа на прв поглед дека нема решение. Ние сме родители на деца кои имаат многу обични потреби. Секојдневието нуди различни можности за овие луѓе и надлежните институции треба да земат пример од вакви настани, додава Мицевски.

„Мора да бидеме свесни за моментот дека луѓето кои се вклучени во тие институции треба да бидат самокритични и да не се подвргнуваат само на денови кои што служат за сликање, за подвргнување на сопствениот идентитет, а не на луѓето како Цако кои се експонираат. Меѓутоа тој е пример за една борба, една истрајност и секој би требало да се поистовети со Цако, каде што можноста да се променат нештата постои ако се сака, а во институциите, со почит, тоа затајува“, вели Мицевски.

„Со ваков вид на настани се подига свеста и покрај фактот дека знаеме за проблемите, но на овие настани ги ставаме проблемите на страна и тргнуваме кон посветла иднина“, изјави Александар Матовски-Цако.

Љубовта, насмевките и прегратките, масовната посетеност на овој настан се нешто кое непогрешиво ви кажува дека сплотеноста е клучна за сите лавиринти низ животот, вели Денис Јанкуловски. Сите деца сакаат да бидат заедно, треба да бидат заедно и заслужуваат да бидат заедно.

„Тоа е многу очигледно со овој настан и сето она што го правиме и многу е лесно да се направи. Доволно е само да се има љубов, да се направи сето тоа, да се покаже искреност во тоа што се прави и верувам дека ќе има успех. Заедништвото преку играта, некогаш се смеам, како културно- забавни активности, меѓутоа ефектот е навистина многу поголем. Всушност сакаме да има влијание кај државните институции, кај оние фактори кои се навистина важни, за да се направи едно здраво општество, а здраво општество е кога растеме сите заедно“, изјави Денис Јанкуловски од Здружение Аутизам МК.

Важно е да се слушнат вистински проблемите на родителите, на семејствата на деца со атипичен развој. Да се инсистира на обединување на децата со атипичен и оние со типичен развој, вели Јанкуловски, кој е воедно и организатор на овој настан.

Но, посакувам и уште нешто да не биде само еднаш во годината и да не биде само Денис и сите кои сме денес тука да организираме, туку да има мноштво вакви настани кои други ќе ги иницираат, додава тој.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе