Вести Македонија Топ вести

КОД: Како скопските клиники останаа без хируршки сали?

Влажност на воздухот од 95 отсто и непознат мирис после апаратот за анестезија, утврдила фирмата што ги одржува системите за компримиран воздух во скопските клиники. Според нивниот извештај, при зголемена влажност, мирисите поинтензивно се чувствуваат. Се препорачува замена на целиот систем, стар повеќе од три децении.

Миризба од непознато потекло веќе две недели ги држи затворени хируршките сали на скопска хирургија, а пациентите се препраќаат во другите две болници. Министерот се сомнева и на саботажа. Салите ќе бидат отворени кога германска лабораторија ќе потврди дека воздухот и кислородот се добри, но тоа нема да го реши проблемот со миризбата.

Вечерва во КОД ќе гледате за можните причини за непознатиот мирис.

Во КОД ќе гледате и за обвинение за тројцата соучесници во киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Тие во истрага признаа вина, но еден од нив подоцна го смени исказот. За помагање во киднапирањето е обвинет и таткото на девојчето. КОД е во 19:15 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе