Невреме со врнежи од град попладнево ја зафати Општина Демир Капија. Од локалната самоуправа за МИА изјавија дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна.
Од Општината додаваат дека по невремето, во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија.
Од ЦУК информираа дека од УХМР добиена е информација за нестабилност, дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготино и Демир Капија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.