Вести Македонија Топ вести

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев поднесе оставка – УО ја усвоил во последниот ден од мај

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев поднесе оставка која управниот одбор на оваа агенција ја усвоил на седницата последниот ден од мај.

Тунтев навел дека оставката ја поднесува од лични причини. Тунтев кој е и поранешен пратеник на СДСМ, по констатираната оставка се враќа на работното место во компанијата ТАВ која стопанисува со аеродромите во Македонија.

Тунтев беше претседател на Агенцијата за цивилно воздухопловство последните пет и пол години и во мометот ја извршуваше функцијата во втор мандат. За време на неговото директорување, Тунтев беше избран и за потпретседател на Советот на Еуроконтрол и за член на Координативниот Комитет на ЕКАК, со што стана прв македонски претставник во две најважни меѓународни воздухопловни организации во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе