Новоизбраниот претседател на ПАрламентот Африм Гаши во вечерашната Топ Тема на Телма рече дека тој сака да се однесувам како претседател на собранието кој ќе го води собранието по принципот „прв меѓу еднаквите“ и дека сака да се работи консензуално.
- Во понеделник ќе ја имаме првата координација и ќе разговараме, кога може да има прва седница и со кои закони на дневен ред. Како со службите така и со сите политички партии ќе настојувам да бидам отворен со сите. Посебно ќе се обидам да бидам глас на парламентарното малцинство, односно на опозициските партии за и тие да почувствуваат дека собранието е исто за сите. Јас сум широко отворен и се надевам дека и од другата страна ќе биде отворена за соработка, рече Гаши.
За Закон за организација на работа на органите на државата управа за кој е потребно двотретинско мнозинство, а е неопходен за да може да се редизајнира Владата како што е предвидено со програмата 1198. Со оглед дека ресорите се веќе поделени во рамките на коалицијата според новиот дизајн. Но за овој закон е потребно двотретинско мнозинство. На прашањето дали ќе тактизира со закажување или веќе се обезбедени 80 пратеници, Гаши рече дека тоа е законот, според кој ќе се изгласа новата влада.
- Веќе јавноста знае тоа го разговаравме и во текот на преговорите за владината коалиција се работи за законот за работата на државната управа. Тоа е законот според кој ќе се изгласа новата влада и тие министерства и тие министри да бидат изгласани според него и да нема губење на време и дополнителна прераспределба и за ова треба да има разбирање од сите пол партии. И што побрзо да го донесеме на седница и да го изгласаме. Јас би сакал сите да го прифатиме тоа како еден модел, ако една коалиција добила мандат да ја извршува извршната власт се надевам дека и другите политички партии ќе сфатат дека тоа треба да го направиме заедно. Ќе настојувам ќе разговарам со сите, ако не ќе бараме поддршка од пратениците, вели Гаши.