Вести Македонија Топ вести

Периќ ја повлекла кандидатурата за член на Судскиот совет

Една недела пред изборот врховната судијка, Цветанка Периќ, ја повлекла својата кандидатура за член на Судскиот совет, за местото во телото резервирано за судија од Врховниот суд. Судскиот совет закажа итна седница за в понеделник на која што ќе разгледува новонастанатата ситуција, со оглед дека изборот е закажан за 6 јуни.

Од Судски за Телма потврдија дека Периќ писмено ги известила дека ја повлекува кандидатурата од здравствени причини.

Со тоа, во трката за член за Судскиот совет, од Врховен суд, останува судијата Исамедин Лимани.

Местото од Врховен во Судскиот совет е упразнето околу една година, откако оставка даде Мирјана Радевска Стефкова, заедно со Зоран  Герасимоваки, по контроверзното разрешување на претседателката на Советот на судии, Весна Дамева.

На огласот кој потоа беше распишан за пополнување на местото се пријави врховниот судија, Наќе Георгиев, кој пак пред да даде заклетва како член на Судскиот совет, поднесе оставка за да неговиот избор не биде законска пречка неговиот син да биде избран за судија.

Потоа пропаднаа неколку огласи за попочнување на местото, поради непријавување на кандидати, се до последниот кога се пријавија двајца врховни судии, Периќ и Лимани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе