Вести Македонија Топ вести

На Демири, како и на Џафери, не му се напушта министерската фотеља

Мандатот на техничката влада истече, повеќето министри се повлекоа, но некои, по примерот на техничкиот премиер, не се откажуваат од функциите. Илир Демири, министерот кој стана пратеник, вели дека ќе си остане на функцијата до изборот на новата влада.

И техничкиот премиер, Талат Џафери, кој исто така стана пратеник, уште на конститутивната седница најави дека нема да ги извршува пратеничките задачи до изборот на новата Влада.

Ова е нивното  толкување на Уставот, кој не дозволува седење во две фотељи.

Член 89 е конкретен: „Претседателот на Владата и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието.“ Одредбата од член 93, пак, дека „Владата останува на должност до изборот на нова Влада“ важи само во случаите кога на Владата ѝ е изгласана недоверба, поднела оставка или ѝ престанал мандатот поради распуштање на Собранието“.

За разлика од нив, денеска техничкиот министер во МВР, Панче Тошковски, му ја предаде функцијата на заменикот Назим Буши кој ќе седи во оваа фотеља до изборот на нова Влада. Од Финансии си замина и заменик техничкиот министер, Елена Петрова, а министерските позиции ги напуштија и сите министри од СДСМ.

Во Изборниот законик стои неспоивост и со градоначалник, со извршување стручни и управни работи во државната управа, со стопанската дејност, како и со членување во управни одбори на јавни претпријатија, установи, фондови, агенции, заводи и друго.

Оттаму, она што идните коалициски партнери сакаат да го решат меѓу првите прашања е и да се избегнат предвремени избори за градоначалници во општините чии актуелни први луѓе може да се преселат во министерските фотелји.

Ова го потврди и Арбен Таравари, кој изјави дека ќе стане министер ако деновиве се донесат законски измени со кои до редовниот термин за локалните избори в година, не би се одржaле избори за градоначалник во Гостивар и другите општини.

Оваа негова изјава, ја иронизираа од Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села.

Одлуката Таравари ја најави за во понеделник. Доколку стане министер, вели дека би требало да го замени еден од советниците во општината, но смета дека претседавачот на Советот, Ваљбон Лимани е добро решение.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: Со пожарникарите и жителите ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе