На прашањето кога ќе се отвара Уставот и што е договорено, бидејќи „Вреди“ имаше цврст став на почетокот, а сега ретерира, претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека тоа е сензитивно прашање во државата.
- Откако почна да се зборува за францускиот предлог и имаше протести, посебно кај Македонците како етничка заедница во државата. Можеби еден дел од гласовите кои отидоа за ВМРО – ДПМНЕ беа токму за резервираниот став за уставните измени. За среќа, најголемиот дел од граѓаните и политичките партии, сите сме за интеграција на земјата во ЕУ и тоа да биде што побргу. Сега, тоа што ВМРО-ДПМНЕ го стави во нејзината програма треба да седнеме да разговараме. После изборите во Бугарија, после изборите во ЕП, бидејќи францускиот предлог дојде од Брисел, па треба да се имаат сите елементи во мозаикот за да можеме ова горливо прашање да го решиме. Треба да го решиме што побргу но, не на сметка или рушење на индентитетот, културен, јазичен на Македонците и не можеме да ги нарушуваме меѓуетничките односи. Треба да работиме на поголема кохезија меѓу заедниците во државата, рече Гаши.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.