За три години има околу 120 жртви во сообраќајни несреќи, а за една година изречени над 250 илјади казни- Билтенот на МВР се полни со црни статистики, сообраќајната култура на задоволително ниво, состојбата на патиштата и коловозната мрежа се во лоша состојба, аламираат надлежните. Возачите грешат, возат пребрзо, минуваат на црвено, а во нивнaта крв имало и алкохол…
„Просечно имаме околу 250 илјади казни годишно, значи тоа покажува колку интензивно работи МВР, но и колку интензивно не се почитуваат правилата. Ние продолжуваме да работиме и превентивно, да влијаеме на свеста на граѓаните, но и репресивно, затоа што за жал кај некои од граѓаните нашите пораки не доаѓаат“, вели Тони Ангеловски портпарол на МВР.
Од две до четири деца годишно го губат животот во сообраќајни несреќи покажува статистиката,а македонските патишта со оцена три од пет според европски стандарди велат експертите, и нагласија дека до 2030-та година мора да се завршат автопатите, но и да се подобрат состојбите на сите патиштата каде има црни точки.
„Во 95 од 100 ситуации директната одговорност за сообраќајните несреќи е на возачот, еден процент се состојбата на патот, а останатите 3 до 4 проценти се состојбата на возилото и условите на патот – ден, ноќ, лизгав коловоз“, вели Никола Дујовски декан на факултет за безбедност.
Но, за разика од домшаните експерти, Странските со подобра оценка за патиштата… Безбедноста на коловозите се подобра….
„Што се однесува до мојата лична оцена и сигурност не сум доволно запознаен за да можам детално да елаборирам, меѓутоа од она што го видов секаде има сообраќаен метеж и кога вчера дојдов во Скопје, беа гужви особено во попладневните часови. Она што е очигледно е дека сите треба да работиме на зголемување на сообраќајната култура, треба што повеќе да работиме на обновување на возниот парк“, вели Синан Алиспахиќ Хрватска.
„Дефинитивно во последните години, со оглед на тоа дека сум еден од граѓаните на Србија кои исто така летуваат во Грција, од година во година може да заклучиме дека вашите патишта се се подобри и тоа не радува, секако“, вели Мирко Куковиќ Србија.
Од почетокот на годинава, на експресниот пат Штип-Кочани се случија неколку сообраќајни несреќи во кои животите ги загубија вкупно пет лица, а страшна несреќа се случи и во скопско Влае а епилогот беше преполовен автомобил, неколкучасовен прекин на сообраќајот и тројца повредени.
Симона Петровска