Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава против штипската фирма Какаду, во чиј ресторан при пад на лифт, загина еден човек

Државниот трудов инспекторат, ќе поднесе кривична пријава против фирмата ДУТ Какаду ДООЕЛ Штип, во чиј ресторан пред две недели при пад на лифт еден пензиониран кувар загина, а неговиот колега се здоби со тешки повреди.

Инспекторите по увидот утврдиле дека работодавачот не исполнил дел од обврските предвидени со закон во областа на работните односи и безбедност и здравје при работа.

Констатирано е дека со двете ангажирани лица, работодавачот нема склучено договори за вработување и истите работеле  спротивно на законските одредби.

Од областа на безбедност и здравје при работа, утврдено е и дека работодавачот има проценка на ризик на работните места.

Нема склучен договор за вршење на систематски прегледи со овластена здравствена установа од областа на медицина на трудот, нема спроведено систематски прегледи во овластена здравствена установа од областа на медицина на труд за двете ангажирани лица В.П и Т.О за истите лица нема спроведено соодветна обука за безбедност и здравје при работа се вели во извештајот на Државниот трудов инспекторат.

Од направениот увид е утврдено дека на 18 мај  двете лице извршувале работни задачи -сервирање и послужување на храна во ресторанот.

Двете лица од кујната која се наоѓала на првиот спрат, внесувале количка со празни чинии во теретниот лифт.

Во моментот кога ја внеле количката, дошло до откинување на сајла, при што лицата паднале со лифтот од висина од 4,80 метри и се здобиле со тешки телесни повреди.

Повредените биле контактибилни и по укажаната медицинска помош веднаш биле транспортирани во штипската болница, кадешто подоцна 71-годишниот кувар во пензија им подлегнал на повредите.

Другиот 52-годишен маж, кој се здобил со скршеници на пршлените деновиве е пуштен на домашно лекување.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе