Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за претседател при ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд, соопштија од Уставниот суд откако највисоката судска инстанца не успеа да избере нов претседател.
Седницата за избор продолжува утре во 10 часот. Според информациите на Телма за највисоката функција во Уставниот суд се кандидирани Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павлова Данева.
Бозаџиева е уставна судијка избрана во октомври 2022-ра додека професорката на Правниот факултет Ана Павлова Данева е последна избрана уставна судијка и е во судот од 8-ми февруари 2024-та.