Вести Македонија

Стоилковски: На Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска на прес-конференција посочи дека покрај затворените хируршки сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ не работат ниту апаратите за компјутерска томографија.

– Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија, рече Стоилковски.

Запраша дали министерот Илир Демири знае дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски, економскиот директор на Торакална, заминале на патување на Азурен Брег.

– 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег. Сето ова не остава простор да се гледа како на инцидент, туку е резултат на целосна негрижа со напластени проблеми, рече Стоилковски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе