Вести Македонија

Сиљановска Давкова се сретна со началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска имала средба со началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, соопшти претседателскиот Кабинет.

На средбата, прва по стапувањето на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности на Армијата во остварувањето на задачите за заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвеноста за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонесот во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси, се наведува во соопштението.

Претседателката Сиљановска Давкова изразила уверување дека македонската Армија, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити нашиот територијален интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја-членка на НАТО.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала својата определба, како Врховен командант на вооружените сили, секогаш да дава поддршка за натамошно опремување и модернизација на Армијата и подобрување на условите за живот и работа на армиските припадници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе