Вести Македонија

Сарај треба да бира нов градоначалник

Жителите на општина Сарај ќе треба да бираат нов градоначалник.

Блерим Беџети од вчера е пратеник на „Европскиот фронт“ со верификуван мандат.

За разлика од него  Билал Касами одбра да остане градоначалник на Тетово иако беше носител на кандидатската листа на “Вреди” и освои пратенички мандат.

По изборот на Владата ќе се знае дали уште некоја општина ќе остане без својот прв човек.

Речиси е сигурно дека градоначалниците на Гостивар и на Аеродром, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски ќе станат министри.

Со тоа, ќе биде неопходно и во овие општини да се организираат предвремени избори.

Според Изборниот законик, локални избори се одржуваат во втората половина на октомври секоја четврта година.

Предвремени нема да се спроведат доколку до редовниот термин има помалку од шест месеци. Редовниот термин за наредните избори доаѓа во октомври 2025-та, што значи по година и 5 месеци, па оваа година треба да се очекуваат избори за градоначалник во неколку општини.

Освен ако Владата не предложи менување на овие одредби како дел од измените на Законот за органите на управата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Изгоре човек во пожар кај Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Се гасне пожарот во реонот на Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе