Вести Македонија

Претседателката на Уставниот суд ги отфрли обвинувањата за одлуката за работното време за изградбата на автопатите

Станува збор за сосема различни работи, во двата закони кои се однесуваа на должината на работното време за  изградбата на коридорите 8 и 10д од страна на Бехтел и Енка, рече претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска

Не е точно дека Уставниот суд за иста работа донесе две различни одлуки. Во првата одлука се работеше за работно време од 60 часа. Работното време е стрикно утврдено, тоа е 40 часа, и затоа ние во тој дел го укинавме тој закон. Во втората ситуација се работи за прекувремена работа, тоа е сосема различна работа, рече Кацарска.

Таа објасни дека во законот за кој не поведоа постапка предвидена е прекувремена работа и потребна е писмена согласност од работникот.

Во никој случај, затоа што ако е работно време ќе ја земе онаа плата што ја зема без оглед колку би работел, што му е утврдена, дали би работел 40 или 60 часа нема да има надомест. Се работи овде за прекувремена работа која што е дозволена, работа за која што работникот мора да потпише своја изјава дека се согласува, и за што ќе добие и надомест. Освен тоа, за секоја прекувремена работа, според тој закон, мора да се пријави во инспекторатот и да се направи контрола, рече кацарска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе