Вести Македонија

Кацарска: Не се чувствувам безбедна затоа што ова постојано се случува

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, во вечерашната Топ Тема на Телма, изјави дека не се чувствува безбедна, откако претходно денеска на последната нејзина прес конференција откри два случаи во кои била нападната. Претходните рече дека не ги пријавила, вклучувајќи го и физичкиот напад кој го доживеала во Грција.

Во периодот кога го судев предметот за поранешниот премиер Никола Груевски, кога ја објавив пресудата после неколку дена отидов недела дена на одмор во Грција, со моја пријателка. Бев физички нападната на плажа, бев удерена со клоца во ногата, во пределот на глуждот. Имав голем оток, имаше модрица и со таква нога јас возев до Скопје. Не пријавив за тој настан, сметав дека е изолиран случај, и токму затоа наредниот ден заедно со другарка ми се вративме во Скопје, рече Кацарска.

Откри дека обезбедувањето го добила по претходна безбедносна проценка а таа лично не барала такво нешто.

Инаку да се чувствувам безбедна, не се чувствувам безбедна, затоа што постојано ова се случува. Се случува на пример да видите како некој се стрчува накај мене се гледа намерата физички да ме нападне, и кога ќе го види обезбедувањето, не само што се повлекува, туку со трчање го напушта местото. И ова сѐ се случува на јавни места, откри Кацарска.

Запрашана дали ѝ е познато кој ги предизвикува и оркестрира овие напади, таа рече дека нема такви сознанија, и што и да кажала ќе било во рамки на шпекулации.

Со оглед дека бев 34 години судија во Кривичниот суд научена сум да носам одлуки исклучиво врз основа на факти, врз основа на изведени докази. Што и да кажам би било во рамките на шпекулации, така да јас немам сознанија кој стои зад овие напади. Прв пат сега пријавувам за овие два настани, а за тоа претходно се случувало не сум пријавувала. Макар што за некои настани од обезбедувањето усно пријавуваа кај нивните надлежни, рече претседателката на Уставниот суд.

Вели дека нападите вклучуваат псовки, навреди, и зборови во смисла „Ќе видиш ти кого судеше“.

И тоа не се кажани зборови со љубезен тон, да се разбереме. Бидејќи јас не користам Фејсбук, но ми се пренесуваат некои работи што се пишуваат на ФБ, дека некои адвокати велат дека не е закана ова што се случило, па се повикуваат на Член 144 Став 1, дека треба по приватна тужба да се расчистува тој случај, итн. Изненадена сум адвокати тоа да го зборуваат, затоа то прво не станува збор за Став 1, туку за Став 4, бидејќи има измени на КЗ, итн, рече Кацарска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе