Вести Македонија Топ вести

Шест елементи од конструкцијата на опожарената Универзална сала ќе треба да се заменат

Телма доби дозвола да влезе во опожарениот објект на Универзална сала, чија стара конструкција изгоре во пожарот на 9 април. Од 11 мај евентуалните оштетувања на новата челична конструкција и на куполата, поставени во првата фаза од реконструкцијата, ги испитуваат од Институтот за сеизмички отпорни градби. Директорот Гаревски вели дека конструкцијата генерално не е оштетена, но има елементи што ќе се менуваат, а деформации се откриени и на куполата . Конечна слика за оштетувањата  ќе има за 20 дена, откако ќе се направат анализи во лабораторијата на кумановската Фабрика за заварени цевки.

Безмалку два месеци е запрена реконструкцијата на Универзална сала , поради пожарот кој што настана на 9. Април. Во тек се дополнителни испитувања за евентуалните оштетувања на објектот, кој во моментот изгледа како руина.

Изгорени парчиња дрво, лим, стаклена волна и друг градежен отпад. Вака изгледаат остатоците на зградиштето на Универзална сала, по пожарот што ја зафати старата конструкција на објектот , во првата фаза од реконструкцијата. На терен екипа од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени, започнувајќи од 11 мај ги испитува евентуалните оштетувања. Директорот на Институтот, Гаревски, кој ги вршеше испитувањата и на опожарениот мост „ Беласица“, вели дека по двата направени увиди на опожарената Универзална сала, утврдиле дека новата носечка челична конструкција генерално е неоштетена, но откриле оштетувања на куполата.

  • Има неколку, околу шест секундарни елементи во најгорниот дел на Универзална сала, на куполата, да. Таму била најголемата температура , кои што се набабрени . Што значи дека имало поголема температура. И уште два до три елементи кои што се повеќе оштетени од прстенот. Ќе треба можеби да се заменат околу шест секундарни елементи и ќе видиме околу прстенот каде има повторно некои набабрувања, дали да ги оставиме и нешто да зајакнеме, вели Михаил Гаревски-директор на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени .

Колкави се оштетувањата на Универзална, ќе се знае за 20 -тина дена. До тогаш ќе се земат примероци и ќе се однесат на анализа во кумановската Фабрика за заварени цевки, која има акредитирана лабораторија.Испитувањата ќе покажат дали при пожарот се развила температура над 400 степени Целзиусови, при кои челикот ги губи карактеристиките.

  • Ќе ги добиеме сите параметри . И апсолутно ќе имаме слика , дали ќе мора и кои елементи да се менуваат, вели Гаревски.

Како настанал пожарот, екипи на МВР и ОЈО со денови вршеа истрага . Но, од Обвинителството не откриваат детали. Од таму денеска за Телма велат дека стручни лица од повеќе области работат на утврдување на причините за пожарот и дека јавен обвинител ги издал сите потребни наредби.Универзална пламна еден месец откако продолжи реконструкцијата, која стоеше во место две години. Како градска установа, таа е носител на титулата „ Скопје европска престолнина на културата 2028 година“.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе