Вести Македонија

Предупредувачки протест на стопанствениците од индустриската зона Визбегово против изградбата на асфалтна база

Здружението на стопанственици на Индустриската зона Визбегово излегоа на предупредувачки протест против изградбата на асфалтната база во индустриската зона Општина Чучер Сандево и индустриска зона Визбегово. Бараат овој проект веднаш да се стопира и истиот да се дислоцира. Да се спречи загадувањето на животната средина, велат дека локацијата за вакво градба апсолуно не одговара.

-Подолго време има интенции дека на повидок е изградба на асфалтна база како што гледате во позадина веќе се вршат работи иако нашите информации зборуваат дека компанијата се уште нема А интегрирана дозвола што е предуслов за да почне и да работи, вели Таип Јакупи од здружението на приватни стопанственици на индустриска зона визбегово.

-Во елаборатот што е изработен се наштелувани некои податоци за истиот да помине. Не верувам дека некој од Министерство за животна средина би потпишал таква небулоза, особено ако се земат предвид жртвите кои позади ваков глупав, небулозен проект. Европскиот и американскиот Закон за животна средина и труд и социјала, предвидува дека односно докажува дека во околина на асфалтна база има зголемување на белодробни заболувања, канцер и драстично намалување на вредноста на околината и почвата, рече Филип Спасовски.

Компанијата Топ Билд, која ја гради асфалтната база вели дека одобрение за градба е добиено согласно сите законски прописи за градба кои вклучуваат и заштита на животната средина.

Согласно истото ние како инвеститори започнавме со градежни активности. Денешните настани кои го ограничија нашиот пристап до локацијата за која имаме правосилно одобрение за градба предизвикуваат огромни штети за нас како инвеститори, а со тоа се предизвикува и слабеење на националната економија. Компанијата Топ Билд во последно време е мета на црна кампања во која одредени субјекти се служат со манипулативни информации, а овие денешни активности се кулминација на истата. Денешното незаконско попречување на пристапот до приватен имот од наша страна како инвеститори, е пријавено до надлежните органи, велат од компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе