Пратениците на Левица нема да го поддржат Африм Гаши од Алтернатива да биде претседател на Собранието. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред почетокот на конститутивната седница изјави дека тие не би дале поддршка Албанец да биде претседател на Собранието.
-Очекувањата се за косоваризација на државата како што си ги гласавте, тоа се очекувањата. Ние би дале поддршка од нашите шест да не биде албанец претседател на Собранието. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка на невидено само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент, рече Апасиев.
На прашање зошто не сакаат Албанец да биде претседател на Собранието, Апасиев рече дека е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се заседава со седници.
Затоа што е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонскиот кога се заседава со седници, дополни Апасиев.
На дополнителното прашање дали ако Гаши ги води седниците на македонски јазик нема да му пречи, тој посочи дека може слободно да ја води на тој начин.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето за коментар прво рече „дали треба да го коментирам Апасиев?“.
Според Мицкоски, Левица се однесува како група на џанаци коментирајќи ја изјавата на Димитар Апасиев дека ќе дадат поддршка на невидено само ако Африм Гаши не биде претседател на Собранието.
-Тој пред изборите имаше бланко понуда од ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да застане на страната на македонското национално единство. Одлучи повеќе да се посвети на правењето планови каде ова лето ќе ужива- дали на Хургада или некоја грчка плажа. Како што изјави еден од неговите поранешни сопартијци дека „тие биле една група на џанаци“, така ѝ продолжува да се однесува, рече Мицкоски.
Конституирање на новиот парламентарен состав, кои од техничките министри ќе станат пратеници