Вести Македонија

Креативно толкување на Уставот

Талат Џафери стана пратеник, но нема да ги извршува пратеничките задачи до изборот на новата Влада. До тогаш, ќе остане технички премиер. Ова е неговиот начин да ги задржи двете функции а да не влезе во конфликт на интереси.

За разлика од него, пратеничката Славјанка Петровска без дилема ја напушта министерката канцеларија во Одбрана. Смета дека Уставот треба да се почитува.

Уставот во член 89 е конкретен: „Претседателот на Владата и министрите не можат да бидат пратеници во Собранието.“ Одредбата од член 93 дека „Владата останува на должност до изборот на нова Влада“ важи во случаите кога на Владата ѝ е изгласана недоверба, поднела оставка или ѝ престанал мандатот поради распуштање на Собранието“.

Собранието сепак се повика на Изборниот законик и констатираше престанок на министерските функции.

Оваа одлука ги опфаќа и досегашните министри Фатмир Битиќи, Илир Демири, Љупчо Николовски, Благој Бочварски и Бисера Костадинова-Стојчевска.

Во Изборниот законик стои неспоивост и со градоначалник, со извршување стручни и управни работи во државната управа, со стопанската дејност, како и со членување во управни одбори на јавни претпријатија, установи, фондови, агенции, заводи и друго.

 Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе