Вести Македонија

Двојно зголемен бројот на итни случаи во хирушката болница „Св. Наум Охридски“

Преплавени со пациенти хирушката болница „Св. Наум Охридски“ и ГОБ „8-ми Септември“ откако хируршките сали на Клинички се под клуч. Хирурзите на градска со полни раце работа. Дневно бројката достига и до 400 пациенти, а еден хирург прави најмалку по пет операции вели директорот.

„Заради ситуацијата на Клинички центар, се организиравме на начин што хроничните пациенти што се за операција, не ги примаме и оперираме само итни случаи. Така да, за овие десеттина дена, примени се некаде 170 итни пациенти, од кои кај 150 се направени хируршки интервенции. Зголемен е бројот, зголемен е и обемот на работа на персоналот. Се организираме засега и се надевам дека ќе продолжи натаму без поголеми реперкусии на третманот. Персоналот одговара на потребите, доаѓаат од дома, повеќе смени работат“, вели Љубен Арсенков директор на Градска хируршка болница „Св. Наум Охридски“.

Доколку проблемот со кислородните пумпи не биде решен час поскоро, здравствениот систем целосно ќе крахира, вели Арсенков и додава дека ситуацијата во следниот период ќе биде уште поалармантна.

„ За жал, тоа што се случува таму не би знаел до кога би траело и сигурно ако продолжи ќе се исполнат капацитетите и можеби ќе треба да се размислува за активирање на некои центри од внатрешноста да можат овие случаи што вообичаеноги праќаат тука, да се третираат во матичните хируршки установи“, вели вели Љубен Арсенков директор на Градска хируршка болница „Св. Наум Охридски“.

Хируршките сали на Клинички центар „Мајка Тереза“ ќе останат затворени додека не дојдат резултати од примероците од компресорите кои се пратени во Германија, а кога би било тоа не знае ниту министерот за здравство. Непријатната миризба пред повеќе од една недела привремено ги затвори хируршките сали, кои сега се достапни само освен за итните случаи. Обвинителството отвори предмет за да утврди дали за овој случај има кривично дело.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе