Бостон се пласираше во големото финале во НБА-лигата откако утринава по четврти пат ја совлада Индијана во финалето на плејоофот во рамки на Источната конференција. Селтикс сега го чекаат подобриот од пресметката помеѓу Далас и Минесота.
Бостон славеше со 105-102 на гостувањето во Индијанаполис и со максимални 4-0 стигна до големото финале по втор пат во последните три години.
Џејлен Браун со 29 поени беше најефикасен кај гостите со 29 поени, Џејсон Тејтум имаше 26 поени и 13 скока.
Кај Индијана, во отсуство на првата ѕвезда Тајрис Халибартон, кој е повреден, најефикасен беше Ендру Нимбхард со 24 поени и 10 асистенции.
Селтикс во плејофот во Источната конференција ги елиминираа Мајами и Кливленд со по 4-1, а Индијана со 4-0. Во големото финале го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Далас и Минесота во кој Маверикс водат со 3-0. Четвртиот натпревар е во Минесота е вечерва во 2:30 часот по полноќ.