Вести Македонија

Милошоски: Секој политичар треба да најде баланс меѓу тоа што треба да се почитува и наоѓањето начин како да се користи името Македонија

Претседателката Силјановска Давкова остана доследна на својот став во врска со користењето на името на државата, смета пратеникот Антонио Милошоски, што не било случај за поранешниот претседател Пендаровски и премиерот Ковачевски за време на кампањата.

Забележавме дека има друга недоследност, токму тие кои што го промовираа новото уставно име на државата и некогаш дури пречесто го повторуваа, во Собранието, на дебатни емисии и слично, забележавме дека во изборната кампања, дури претходниот претседател Пендаровски, поранешниот премиер Ковачевски, па и други се почесто знаеја колоквијално да го користат само името „Македонија“ или „Република Македонија“, што сметам дека не беше конзистентно според она што тие го имаа најавено и промовирано. Така што нема да биде никакво изненадување ниту обраќањето на мандатарот и иден премиер г. Мицкоски во Собранието за кое што јас очекувам да биде токму такво. Во формалниот дел, при неговите службени, укази, одлуки, решенија, владини документи да се применува и да се користи она што е создадено како нова формално правна реалност, рече Милошоски.

Според него новите функционери ќе ја почитуваат, како што ја нарече „новата реалност“ таму каде што мора, а таму каде што може ќе го користат само името Македонија.

Знаејќи низ какви перипетии помина државата, и на каков начин беше сменето името со прилично контроверзен би рекол договор и контроверзно гласање во Собранието, пуштање од затвор, притисоци и слично, сметам дека сега треба секој политичар, барем како што јас ги разбирам работите, и претседателката Силјановска Давкова и Христијан Мицкоски се трудат да најдат баланс помеѓу почитувањето на она што мора да се почитува и наоѓањето на начин како со користење на терминот Македонија и користење на слободата на говорот, како принципиелно човеково право без разлика дали е некој премиер или е на друга позиција, да може на некој начин да се залекува или да се зачува достоинството кое што ѝ беше одземено на државата, рече Милошоски.

За министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска, ставот на ВМРО-ДПМНЕ за името на државата е лицемерен.

Кога стапувате на некоја должност, не можете да водите политика водени од лични емоции или лични ставови. Јас се сложувам дека процесот низ којшто помина Република Северна Македонија, нашата држава Македонија, беше навистина многу тежок и беше мачен процес. И тој процес мислам дека сите ние, без разлика дали сме биле во тој период на одредени политички позиции, дали сме биле дел од извршната власт, Собранието или како граѓани, сме го доживеале навистина тешко. Но, таа одлука била донесена, Република Северна Македонија преземала и меѓународни обврски, меѓутоа и преземала домашни обврски врз основа на Преспанскиот договор, кои понатаму како држава сме должни да ги почитуваме. Кога сме на одредени позиции ние сме претставници на државата и како такви треба да се однесуваме, рече Петровска.

Според неа, реакциите по заклетвата на Силјановска Давкова се всушност замка која ВМРО-ДПМНЕ сами си ја поставија.

Една работа која што тие ја премолчаа и сѐ уште молчат за прашањето кое јас и во предизборната кампања ѝ го поставив на мојата соговорничка, носителката на ИЕ 6, а тоа е ако ВМРО-ДПМНЕ навистина има цврста позиција за името, не го прифаќа името „Република Северна Македонија“ тогаш зошто од сопствениот Статут го има избришано името Македонија, тогаш зошто не го користи Македонија како што впрочем денес во разговор, во обраќање, повикувајќи се на слободата на говорот тие тоа го прават. И затоа реков дека тоа е лицемерно. Јас очекувам од еден професор по уставно право, кога изговара една заклетва, а заклетва не е говор, не е слободна интерпретација, тоа е заклетва која е пишана во законите и во правните акти на една држава, да ја испочитува докрај, рече петровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хегсет: Не е можно враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година

Дејан Дејан

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Дејан Дејан

Трамп и Путин разговарале по телефон: Преговорите за мир во Украина започнаа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе