Општина Струмица ќе почне со градба на 118 куќи во новата социјална населба, а деновиве треба да го избере и изведувачот на градежните активности. Градоначалникот Костадинов вели дека со тоа ќе започне втората фаза од проектот, а дека првата која привршува чинела околу 100 милиони денари, средства од Владата.
Новата социјална населба ќе значи дислокација на турското маало на влезот во Струмица откај Валандово, што се наоѓа на транзитниот пат. Оваа мало почна со поставување монтажни куѓарк и колипки, но последниве педесетина години израснаа во објекти од тврда градба иако не се легализирани.
Семејствата од долното турско маало ќе добијат нови куќи како компензација за постоечките. За тоа општината со нив преговараше со години, бидејќи жителите не сакаа замена туку легализација на нивните домови.
Сузана Мицева