Вести Македонија Топ вести

Мицотакис: Северна Македонија може само корист да има од добрите односи со Грција

Северна Македонија, како и Албанија, може само да добие од добрите односи со Грција. Во спротивно, европскиот пат на двете земји минува низ Атина. И таму ќе наиде на проблеми, посочува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Реал њуз“.

Порачува дека меморандумите нема да ги донесат на гласање како и дека очекуваат од новата Влада „да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис“.

-Незаконитостите на Скопје во однос на името на земјата произлегуваат и од фактот што Договорот од Преспа беше лош договор. Предупредив во Парламентот дека е проблематичен за интересите на Грција, давајќи им националност и јазик на соседите. Уште тогаш, кога гласавме против, истакнав дека ќе го најдеме пред нас. Но и дека штом се изгласа треба да го спроведеме. Сега доаѓа СИРИЗА, како и обично, да ги рециклира познатите лаги дека наводно сме кажале дека кога ќе станеме Влада, нема да го спроведеме. Не знаеја кого обврзува нивниот потпис?, вели Мицотакис.

Грчкиот премиер коментира дека опозициската партија, „со уште поголема политичка несериозност“ предлага, во овој конкретен временски момент – да се ратификуваат меморандумите.

– Односно да го предадеме целото наше преговарачко оружје. Нешто што другата страна воопшто не го ни бара. Секако дека меморандумите нема да ги донесеме на гласање. Но, ќе чекаме новата Влада да ја почитува меѓународната законитост, како и нејзиниот потпис, потенцира Мицотакис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе