Вести Македонија Најважни

Десет часа траеше потрегата по исчезнатите планинари во велешко

Поминувајќи низ непристепан терен, со низа на препреки во клисурата на реката Пчиња се одвила акцијата за извлекување на седумгодишно дете и две жени и еден маж на возраст од 18,29 и 35 години. Четирите лица вчера попладнето залутале, а спасителите за да пристигнат до нив имале потешкотие поради стрмниот терен, информираа денеска од  Центарот за управување со кризи. Планинарите спуштајќи се кон манастирот Мала Богородица, ја промашила патеката, водејќи се со помош на ЏИПИЕС.

По што во акцијата за извлекување на четворицата планинари, меѓу кои и едно седум годишно дете се вклучиле и спасители од дроброволно друштво од Велес.Со помош на чамец успеале да пристигнат до четирите лица.

Акцијата за спасување на четворите лица траела до два часот по полноќ, по што од страна на спасителите  безбедно биле префрлени преку реката Пчиња и извлечени  на автопатот Скопје-Велес, од каде што со возила се превезоа во нивните домови во Скопје. Ваквите акции за спасување на лица кои планинарат и шетаат низ македонските планини станаа по чести, пред неколку дена се извлекуваа неколку лица и од Осоговските планини.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Германија четвртина од вработените сè уште работат од дома

Дејан Дејан

Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција

Дејан Дејан

Бајден најави помилување за американските ветерани осудени за хомосексуалност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе