Вести Македонија

Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро

Дебарската полиција, по претходна дојава, во текот на ноќта запленила над 400 метри мрежи за лов на крап на Дебарско Езеро, кусо по нејзиното пуштање.

-Мрежите биле пуштени во близина на езерскиот брег во атарот на Центар Жупа. Ова навистина е за секаква осуда, зашто ваквите примери ќе ги избркаат и тие малку спортски риболовци кои ловат во тој дел на езерото. Несовесноста е уште поголема кога се знае дека во тек е забрана за риболов на крап и клен, поради мрестот на овој вид риба, која трае до 15 јуни, рече за МИА, Бени Халити, претседател на спортското риболовно друштво „Трофта“.

Тој ја поздравува акцијата на полицијата, со која, вели имаат одлична соработка, во насока на заштита на рибниот фонд на езерото, кое за жал веќе неколку годни е без концесионер.

-Апелирам до сите граѓани и реакреативни риболовци на поголема совесност и во случај да забележан незаконски активности во водите на езерото веднаш да се јават во друштвото или во полиција. Само така ќе можеме д го заштитиме ова нашето бегатство, посочува Халити.

Акцијата ја потврдија и од Одделението за внатрешни работи во Дебар, од каде додаваат дека мрежите се откриени кај местото каде има изградено неколку летниковци, дека не се затекнати лица и оти се работи на расветлување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како Мисајловски заврши во одбрана, а Тошковски остана во внатрешни работи- кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Дејан Дејан

Мицкоски очекува сите партии во Собранието да ги гласаат измените на Законот за локална самоуправа

Дејан Дејан

Потврдени имињата на министрите во идната влада, Златко Перински за локална самоуправа, Љупчо Димовски кој ќе биде вицепремиер за политички систем и Шабан Салиу, кој ќе биде министер без ресор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе