Управата за хидрометеоролошки работи алармира дека во следните неколку денови особено во попладневните часови земјава ќе биде зафатена од нестабилна воздушна маса па се очекува да има честа појава на пороен дожд и грмежи.
Локално според УХМР процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Според најавите денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, во вечерните и ноќните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.